Балкан

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот

Во аероклубот во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот.

Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето.

Веднаш по падот, како што соопшти Противпожарната служба на Грција, интервенирале шест пожарникари со две возила, кои го извлекле безживотното тело на пилотот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни