Македонија

ЦУК: Вчера имаше 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар и сите се изгаснати

ЦУК: Вчера имаше 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар и сите се изгаснати

Во текот на вчерашниот ден (недела, 24.09.2023) биле регистрирани 45 пожари и сите се изгаснати. Инаку, вкупно викендов имаше 71 пожар, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума и депонии, во речиси сите општини.

Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, а и со поддршка на воздухоплови на ДЗС и на МВР, ги изгаснале сите пожари на отворено што гореа овој викенд и беа опасност за граѓаните, материјалните и природните добра во државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни