По втор пат за еден месец поплавени се градовите во централна Грција.
Повторно Волос, Лариса и Кардица се најдоа во центарот на невремето. Градоначалникот на Волос пријавил дека градот е под вода. Се е поплавено – улици, куќи, продавници. Ноќта војниците со чамци спасуваа луѓе од приземјето. Повторно 80 отсто од градот е без струја, а нема вода за пиење.
Морале да ја спасат и екипата на државната телевизија која емитувала прилог од Волос. Црковните ѕвона ги предупредуваа луѓето за поплавата.
Во критична ситуација е и Лариса. Автомобилите беа однесени од водата. На многу места има паднати дрвја, а водата достигнала и над еден метар.
На островот Евбеја од вчера е забрането движење на луѓе и автомобили. Жителите и туристите се на повисоките катови од зградите за да не бидат однесени од водата. Преминуваа реки.
Состојбата во целиот регион на Магнезија е исклучително тешка, бидејќи за еден месец по втор пат се поплавува.
Пожарникарите, воените единици и волонтерите им помагаат на луѓето.
Денеска кон крајот на денот се очекува слабеење на циклонот. Северна Грција не е зафатена од лошото време.