Македонија

Мицкоски: Не сум добил бакнеж досега во политиката како денеска Дафина Стојановска

Мицкоски: Не сум добил бакнеж досега во политиката како денеска Дафина Стојановска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на ТВ21 проговори за денешниот инцидент во Собранието на седницата за пратенички прашања кога вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во воздух и испрати бакнеж на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

Мицкоски вели дека лично тој досега во политиката не добил бакнеж, a вицепремиерот го нарече примитивен.

„Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило во денешната парламентарна седница“, истакна Мицкоски.

Тој вели дека во животот може да се глуми, но подоцна вистината излегува на виделина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни