Здравје

ВИДЕО „Навивачи, а не криминалци“: Без публика нема кошарка, играчите одбија да играат, голем скандал во Израел

ВИДЕО „Навивачи, а не криминалци“: Без публика нема кошарка, играчите одбија да играат, голем скандал во Израел

Сцени по кои зоврива кошаркарскиот свет

Кошаркарите на Хапоел од Ерусалим не сакаа да го играат полуфиналниот натпревар од Лига купот на Израел, бидејќи полицијата спроведе високи безбедносни мерки врз нивните навивачи, иако според нив тоа не беше потребно.

Хапоел требаше да игра против Макаби од Тел Авив, но по 15 минути чекање судиите свиреа и натпреварот барем засега беше регистриран со службен резултат 20:0.

„Спортски фанови – не криминалци! Од утрото почнавме да добиваме пораки од кои разбравме дека израелската полиција го третира вечерашниот натпревар како воен настан во кој се вмешани навивачите, од осум до 80 години, жени и деца – сите биле потенцијални криминалци. Со оглед на односот кон публиката на влезот во салата, заклучивме дека нема смисла да се излезе на теренот. Спортот им припаѓа на навивачите!“ Се вели во официјалното соопштение на Хапоел.

По судиската одлука играчите на Хапоел ја напуштија салата и излегоа пред неа да поздрават голем број навивачи, а потоа се упатија кон соблекувалните.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни