Македонија

„Со право се чувствува гнев, лутина и незадоволство“, рече Пендаровски на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“

„Со право се чувствува гнев, лутина и незадоволство“, рече Пендаровски на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“

Нештата не се онакви какви што го посакувате, какви што ги замислувате, планитање, туку се непредвидливи, непријатни и бараат од вас влог за да ги решите и поправите. Вака вечерва во Битола на затворањето на фестивалот рече претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Светот во кој живееме деновиве по повеќе основи не е пријатно место и од таму со право се чувствува гнев, лутина, незадоволство“, изјави претседателот на државата.

Пендаровски порача да се негува креативниот гнев и креативно народот да се конфронтира со светот.

„Овогодинешниот фестивал во изминатите 7 дена понуди исклучителна програма и Битола ја претвори во простор за средби и дијалог со врвни филмски и кинематограферски имиња“, додаде Педаровски честитајќи на целиот тим кој го организираше овогодишеното издание на фестивалот.

„Посакувам овој фестивал да прерасне во вистинско меѓународно современо културно наследство“, заклучи Пендаровски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни