Балкан

Трактор преполовен, морничави слики од местото на настанот: Тешка сообраќајка на патот Нови Пазар-Рашка

Трактор преполовен, морничави слики од местото на настанот: Тешка сообраќајка на патот Нови Пазар-Рашка

Тешка сообраќајна несреќа во вечерните часови се случи на автопатот Нови Пазар – Рашка кога се судриле камион и трактор.

– Сликите од местото на настанот се навистина морничави, тракторот е преполовен. Но, без разлика на силината на ударот, за среќа трактористот преживеал – изјавил за РИНУ еден од очевидците.

Сообраќајот на патот Нови Пазар – Рашка се уште е во прекин, а полицијата врши увид. Понатамошната истрага ќе ја утврди точната причина за оваа несреќа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни