Планот е сите земји од Европската унија да се префрлат на дигитални пасоши до 2030 година
„Ви посакувам добро утро од Лондон“, напиша новинарот Драган Петриќ од Хрватска, наведувајќи дека тој е првиот човек во родната земја, а можеби и меѓу првите во светот, кој ја поминал државната граница на аеродромот без физички пасош.
– Ова не значи дека воопшто немав пасош, имав, туку дигитален, на мојот мобилен телефон – објасни тој.
Имено, како што пишувавме претходно, Хрватска е дел од пилот проектот на Европската комисија во создавањето на т.н. дигитален пасош на мобилен телефон.
– Хрватска засега е меѓу двете земји во целиот свет што ја имаат – пишува Драган, а Телеграф Бизнис напиша дека Финска е една од нив.
Планот е сите земји од Европската унија да се префрлат на дигитални пасоши до 2030 година.
Во коментарите на објавата, некои се пошегуваа: „Што ако телефонот ви се исклучи?“.
Како се чувствувате за дигиталниот пасош? Дали би го користеле? Пишете ни во коментари.