Во текот на попладневните часови од Обвинителството во Нови Пазар избегал осомничениот Е.О. кој беше уапсен во петокот.
– Тој вчера е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги – потврдија за агенцијата Рина.
Ја скршил стаклената врата и побегнал
Нему по наредба на дежурниот обвинител му е одредена мерка притвор до 48 часа, а денеска е изведен во вишото обвинителство кога успеал да побегне.
Како што објави Индексонлајн, Е.О. ја скршил стаклената врата и побегнал.
Полицијата интензивно трага по него.