Свет

„Немало надворешно влијание врз авионот во кој бил Пригожин“: Путин откри што е пронајдено во телата на загинатите

„Немало надворешно влијание врз авионот во кој бил Пригожин“: Путин откри што е пронајдено во телата на загинатите

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека нема надворешно влијание врз авионот со кој управувал лидерот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин и дека во телата на загинатите во авионската несреќа биле пронајдени траги од рачни бомби.

Путин на пленарната седница на клубот за дискусија „Валдај“ изјави дека директорот на Истражниот комитет Александар Бастрикин пред неколку дена го информирал дека во телата на загинатите биле откриени фрагменти од рачни бомби, пренесува РИА Новости.

– Немаше надворешно влијание врз авионот, тоа е веќе утврден факт. Истрагата не е завршена – изјави лидерот на Русија.

Потсетуваме, авионот Ембраер кој летал од Москва за Санкт Петербург се урна во регионот Твер, а на списокот на патници се наоѓал и лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни