Балкан

ПАДНАА 6 ЧЛЕНОВИ НА БАЛКАНСКИОТ КАРТЕЛ Уапсени во акцијата „Скај“, нивниот газда веќе е во притвор: Пренесувале дрога низ Албанија и Србија, при една заплена пронајдени речиси 800 килограми!

ПАДНАА 6 ЧЛЕНОВИ НА БАЛКАНСКИОТ КАРТЕЛ Уапсени во акцијата „Скај“, нивниот газда веќе е во притвор: Пренесувале дрога низ Албанија и Србија, при една заплена пронајдени речиси 800 килограми!

По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со МВР, Службата за борба против дрога, Управата за криминалистичка полиција и БВР, од слобода се лишени шест лица по спроведена предистражна постапка на територијата на Србија денес: П.С., З.Ј., М.М., .М. М., С. Н. и С. Ѓ. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Организаторот на оваа криминална група М.С., е во притвор во Србија, додека едно лице е во притвор во Република Франција.

Оваа организирана криминална група е во периодот од 12.2. 2020 година до 16.03.2020 година, на територијата на Република Албанија и Република Србија, купувал, пренесувал и посредувал при купување и продавање на наркотична дрога – марихуана.

Само во една од заплените во 2020 година, на граничниот премин Ватин биле пронајдени и одземени 782 килограми опојна дрога марихуана.

Во текот на предистражната постапка прибрани се докази за користење на апликацијата Скај преку меѓународна правна помош.

Во тек се претреси на 16 локации на територијата на Србија.

Во рокот предвиден со законот, полицијата со кривична пријава ќе ги донесе осомничените во Јавното обвинителство за организиран криминал, по што ќе бидат на распит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни