Балкан

Се уште важат препораките во Осиек по големиот пожар во кој гореше пластика: Граѓаните да не излегуваат надвор

Се уште важат препораките во Осиек по големиот пожар во кој гореше пластика: Граѓаните да не излегуваат надвор

По големиот пожар во Осјек, кој на 4 октомври избувна во компанијата „Драва Интернационал“ и во кој изгоре поголема количина пластика, 12 пожарникари со четири возила се уште се на терен.

Како што рече началникот на противпожарната служба Зоран Пакшец, се очекува засилување на ветерот во текот на попладневните часови, па затоа е потребна претпазливост на местото на пожарот.

Како што додава директорката на Институтот за јавно здравје Наташа Туриќ, анализите за квалитетот на воздухот покажале зголемена концентрација на различни соединенија, но повеќе ќе се знае дури кога ќе се направат дополнителни лабораториски испитувања.

– Мерките се уште се во сила и не препорачуваме престој на отворено, а тестовите продолжуваат – рече Туриќ на конференцијата и посочи дека концентрацијата на штетните материи во воздухот постојано се менува, во зависност од атмосферските услови и дека изложеноста за нив е штетно ако подолго време, пишува порталот 24 часа.

На конференцијата се разговараше и за земање примероци и анализи од почвата, а директорот на Хрватската агенција за земјоделство и храна рече дека истрагата е во тек, но дека се уште нема конкретни резултати.

– Неопходно е темелно миење на храната и не се препорачува да се хранат животните со храна која била изложена на чад. Првите резултати од квалитетот на почвата се направени во Австрија и Германија, а резултатите ги очекуваме на почетокот на неделата. Досега се ограничивме на просторот што беше изложен на чад. Тоа се општините кои се наоѓаат во близина на местото на пожарот – рече Соколиќ.

Училиштата не се отворени

Во осиекските основни и средни училишта, како и во областите на Вука, Ернестинов, Антуновац, Ласлов, Чепин Владиславац и Вук утре нема настава, а за понатамошните чекори ќе има известувања. Во сите училишта имаше дежурство за оние кои не можат да обезбедат грижа за децата.

Градинките во Осиек работат нормално, но се препорачува сите да останат дома и да не носат деца.

Градоначалникот на Осиек, Драган Вулин изјави дека денеска квалитетот на воздухот над градот е подобар од вчерашниот, а во моментов квалитетот е умерен и прифатлив. За остатокот од денот е најавен северен ветер, што значи дека чадот ќе го напушти градот, па се очекува подобар квалитет на воздухот.

– Најзагрозен е Бријест, а ситуацијата таму се менува од час во час, како што се менува ветерот. Сите во таа област треба да бидат дополнително внимателни и да не ги отвораат прозорците – рече Вулин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни