Обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград, поднесено против родителите на тринаесетгодишното момче кое извршило кривично дело во ОУ „Владислав Рибникар“, во голема мера се заснова на сведочењето на синот.
Имено, момчето-убиец практично ги потврдил сомнежите дека татко му „му ставил оружје во раце“, го однел на стрелиштето и на фармата за да научи да пука во силуети на луѓе и концентрични кругови.
Дали неговото сведочење, покрај другите докази, ќе биде пресудно за одредување на затворската казна за таткото на момчето – за ова во утринската програма на телевизија Курир зборува Тома Фила, адвокат.
– Она што ме изненади е тоа што беше обвинета и мајката и тоа на директен начин. Обвинителството имаше доволно време да ја истражи мајката. Нешто што е специфично е тоа што и е забрането да контактира со синот, бидејќи тој е клучен сведок – рече Фила и додаде:
– Веројатно причината е што пропадна обидот да се утврди дека го малтретирала детето. Не знаеме дали ќе сведочи, можно е и да одбие да зборува. Она што е најважно денеска е судот да не подлегне на таблоидите и разните стории. Судот мора да суди врз основа на доказите без никакви емоции.