Црногорската полиција на граничниот премин Сукобин го уапси албанскиот државјанин П.Х.Х (25) поради сомнение дека е член на криминална група која планирала убиство на висок член на криминален клан во Будва.
Како што информираат од П.Х.Х. по синоќешното апсење на најмен убиец од Ерменија во Будва, се обидел да побегне во Албанија, но бил спречен и уапсен на граница.
Да потсетиме, црногорската полиција соопшти дека акцијата за апсење на наемни убијци била спроведена на улицата Словенска плажа, во Будва.
– Полицијата синоќа околу 22 часот и 30 минути забележала возило „фолксваген поло“ со бар регистерски таблички на улицата Словенска плажа и извршила контрола. Наведеното возило пред очите на полицајците застанало на земјен паркинг на слепа улица, а веднаш по застанувањето три лица излегле од возилото и побегнале. Припадниците на полицијата во таа прилика фатиле едно лице и го привеле. Утврдено е дека се работи за државјанин на Јемен, А.М. (31) и му е одредена мерка притвор – соопштија од Полициската управа на Црна Гора.
Инаку, при претрес на возилото во кое се наоѓал Ерменец, пронајдени се два пиштоли „глок“ со полни рамки, како и автоматски пиштол „скорпион“ со пригушувач, како и две силиконски маски, како и неколку пара ракавици и облека за пресоблекување.
Се претпоставува дека со ова апсење е спречено убиство на висок припадник на еден од которските кланови.
Имено, полицијата смета дека се уапсени Ерменец и Албанец со соучесник кои се уште биле во бегство подготвувајќи се да ја извршат ликвидацијата.