Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа, сигнализирајќи дека нема да ги прекине воздушните напади и очекуваната копнена операција во енклавата откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи двајца американски заложници, објави Ројтерс.
Џудит и Натали Раанан, мајка и ќерка кои беа киднапирани од борците на Хамас на 7 октомври, сега повторно се собраа со своите роднини во Израел. Тие се првите киднапирани чие ослободување е потврдено од двете страни во конфликтот.
„Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се бориме до победа“, рече Нетанјаху таа вечер.