Во време кога чесноста често се става на тест, 18-годишниот Огнен од Делчево покажа дека постојат млади луѓе на кои може да им се верува. Откако на улица пронашол 4.000 евра, тој одлучил парите да ги предаде во полиција, наместо да ги задржи за себе.
Огнен го пријавил случајот и им ги предал пронајдените пари на полициските службеници, постапувајќи одговорно и чесно.
За неговиот гест, младиот делчевец доби плакета како признание за покажаната чесност и доблест.

Неговиот потег е позитивен пример за младите, но и потсетник дека чесноста и одговорноста се вредности што заслужуваат почит и признание.