Навивачите на Осасуна во пресрет на натпреварот со Гранада во шпанската Примера, на кој домашната екипа победи со 2:0, ја поддржаа Палестина во конфликтот против Израел со развиорување на нејзините знамиња на стадионот.
Покрај тоа, навивачите на тимот од Памплона протестираа против одлуката на Ла Лига да ги забрани палестинските знамиња на стадионите.
Поради ова, напаѓачот на Гранада и израелски репрезентативец Шон Висман одби да отпатува за Памплона. Вајсман бил предупреден дека не е безбедно, па решил да остане во Гранада.
Тоа не ги спречи навивачите на Осасуна да му се обратат на Вајсман, па од трибините се слушаа скандирања „Вајсман, умри“.
Поради тоа Осасуна се соочува со втора казна оваа сезона. Претходно навивачите на клубот од Памплона му извикуваа „умри“ на Мејсон Гринвуд, фудбалерот на Хетафе кому му се судеше за малтретирање девојка.