Балкан

Бугарија утре избира градоначалници, машините повлечени во последен момент, ќе се гласа со ливче

Бугарија утре избира градоначалници, машините повлечени во последен момент, ќе се гласа со ливче

Бугарија утре избира нови градоначалници. Гласањето за изборите ќе започне точно во 07 часот. Најголема промена од последните изборни циклуси без разлика дали биле парламентарни или локални, е начинот на гласање.

Во последен момент, на неколку часа пред почетокот на изборниот процес, Централната изборна комисија (ЦИК) одлучи да ги повлече машините за гласање, поради наводни направени манипулации, а по добиени сигнали од Агенцијата за национална безбедност.

По одлуката на ЦИК вонредно се обрати и премиерот на државата Николај Денков кој побара комисијата уште еднаш да ја преиспита одлуката за гласање со хартиено ливче.

„Се е направено во последен момент така што нема време да се реагира. Врховниот управен суд ќе може да се произнесе во понеделник – по изборите. Имате основа да ја преиспитате вашата одлука и да дозволите машинско гласање. МВР е подготвено да ги достави машините“, рече Николај Денков во обраќањето пред ЦИК.

По ова следуваше нов состанок на ЦИК но тие не ја променија одлуката. Враќањето на хартиеното ливче за гласање предизвика револт па граѓаните во неколку градови низ Бугарија излегоа на протести.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни