Свет

Израелската војска соопшти дека ноќта убила десетици борци на Хамас

Израелската војска соопшти дека ноќта убила десетици борци на Хамас

Израелската армија денеска соопшти дека убила десетици борци на палестинското исламистичко движење „Хамас“ во ноќните борби во Појасот Газа, пренесе АФП.

Армијата прецизираше дека нејзините војници убиле „десетици терористи забарикадирани во згради и тунели“.

Појасот Газа е бомбардиран како одговор на невидениот напад на Хамас врз еврејската држава на 7 октомври.

Израелската армија објави и дека во последните денови погодила „повеќе од 600 терористички цели“, вклучително и складишта за оружје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни