Свет

Советот за безбедност на ОН денеска за ситуацијата во Појасот Газа

Советот за безбедност на ОН денеска за ситуацијата во Појасот Газа

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итна седница за ситуацијата во Појасот Газа, на барање на Обединетите Арапски Емирати, пренесе АП, повикувајќи се на претставникот на Абу Даби во Советот, пренесува Танјуг.

ОАЕ побараа од Советот за безбедност на ОН да се состане „што е можно поскоро“ по проширените копнени операции на Израел во Појасот Газа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во саботата изрази жалење што Израел ги интензивирал воените операции наместо да дозволи критично потребна хуманитарна пауза.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни