Според податоците за четвртиот квартал од 2022 година, најголем број вработени отсутни од работа во Европската унија е забележан во Финска (14,8 отсто), а најмал во Романија – 2,4 отсто.
Во Хрватска, во истиот период, 9 отсто биле на боледување , што е под просекот на ЕУ (9,8 отсто).
Во горниот дел од листата, Финска ја следат Франција (14,7) и Шведска (14,6).
Заедно со Романија, на дното се Бугарија (3 проценти) и Грција (4,8).