Балкан

ВИДЕО ХАОС НИЗ СРБИЈА ПОРАДИ БУРЕН ВЕТЕР! Невреме пристигна во Белград, блокиран автопатот Суботица-Нови Сад, се нишаат кранови, паднаа дрвја во Чачак

ВИДЕО ХАОС НИЗ СРБИЈА ПОРАДИ БУРЕН ВЕТЕР! Невреме пристигна во Белград, блокиран автопатот Суботица-Нови Сад, се нишаат кранови, паднаа дрвја во Чачак

Силен ветер пристигна во Србија, а во утринските часови прв на удар беше областа Чачак, каде од силниот ветер во центарот на градот се нишаа градежни кранови, а беа откорнати и неколку дрвја.

– Седевме во кафуле на плоштадот кога слушнавме кршење на јапонска слива засадена на самото шеталиште. За среќа, избегната е трагедија, бидејќи во моментот кога паднале гранките немало минувачи. Секоја секунда мислевме дека на земја ќе паднат и дигалките кои се нишаат – раскажува за РИНА Огњен В. од Чачак.

На улицата Миленко Никшица во овој град дошло и до судир на две патнички возила поради силниот ветер кој издувал лисја на коловозот.

Блокиран автопат кај Змајево

Автопатот Суботица-Нови Сад е блокиран кај Змајево, објавено е на Инстаграм страната на 192.рс.

Како што може да се види на видеото, автопатот е блокиран бидејќи над него паднало дрво. Во областа врне дожд и дува силен ветер.

РЗМЗ издаде предупредување

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија објави најава за силни ветрови на невреме во поголемиот дел од Србија.

– Во Србија во текот на денот ветровито, со умерен и засилен југоисточен ветер, кој на подрачјето на јужен Банат повремено може да има налети на невреме (над 17 m/s, односно околу 60-70 km/h). Облачноста со дожд, врнежи, силен и бурен ветер, кој во следните два часа го зафати северниот дел на Бачка, ќе се прошири и во остатокот од Војводина и западна Србија – се наведува во соопштението на РХМЗ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни