Балкан

Руски антивоен активист дојде во Србија, но граничната полиција не го пушти во земјата

Руски антивоен активист дојде во Србија, но граничната полиција не го пушти во земјата

Рускиот антивоен активист Илја Жернов ја напушти Србија откако граничната полиција на белградскиот аеродром му забрани влез во земјата.

Жернов од Германија дошол во Белград за да присуствува на судењето на 6 ноември за нападот врз него што се случи на почетокот на годината во главниот град на Србија од страна на српски десничари, но тој беше приведен на аеродромот „Никола Тесла“.

– Како што се сеќавате, бев нападнат во Србија и поднесов пријава до обвинителството. Имав судско рочиште во понеделник и планирав лично да присуствувам. Не го објавив јавно моето доаѓање заради моја безбедност, изјави за Инсајдер Жернов.

– Се надевав дека српските агенции за спроведување на законот ќе го истражат случајот. Не знам дали напаѓачите ќе бидат казнети, но ми беше забранет влез во Србија. Нема причина за тоа, додаде тој.

Жернов за Радио Слободна Европа изјави дека му го предал пасошот на полицаец на граничната станица, по што бил испратен во чекална каде му бил врачен документ со кој му се забранува влез во Србија.

– Не ми објаснија зошто. Само ми рекоа: „Знаеш ти“, изјави Жернов за РСЕ.

Жернов на својот Фејсбук профил ја објави и одлуката на Министерството за внатрешни работи (МВР) за одбивање на влез во Србија.

Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на прашањата на РСЕ за овој случај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни