Македонија

ФОТО Заев донираше 6 мотори на полицијата

ФОТО Заев донираше 6 мотори на полицијата

Денеска во кругот на МВР беше предадена донација од Фондацијата Заев, од страна на директорот Зоран Заев, а која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

May be an image of 2 people, scooter, motorcycle and text

„Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата“, додава Спасовски

May be an image of 2 people, newsroom, the Oval Office and text

На друштвените мрежи тој пишува:

Во свое и во име на МВР изразувам благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација. Безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Би сакал да потенцирам дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.

May be an image of 3 people, motorcycle, scooter, segway and text

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни