Претседателот на ПОРТУГАЛИЈА Марсело Ребело де Соуса вечерва објави дека го распушта парламентот и распишува предвремени парламентарни избори за 10 март 2024 година, по оставката на премиерот Антонио Коста, кој е вмешан во корупциски скандал.
„Одлучив да го распуштам парламентот и да распишам избори за 10 март“, рече конзервативниот претседател на земјата во телевизиско обраќање.
Претседателот му се заблагодари на Коста „за неговата подготвеност“ да продолжи да ја води владата додека неговиот наследник не ја преземе функцијата.
Конзервативниот претседател и се обрати на јавноста откако неколку часа претходно ги слушна членовите на државниот совет, советодавно тело, за политичката ситуација во земјата.
Ребело де Соуса одлучи да распише избори, како што побараа главните опозициски партии од левицата и десницата, кои ги доби во средата, за да се реши политичката криза предизвикана од ненадејната оставка на Коста.