Балкан

Уапсен е осомничен кој им се заканувал на верниците во дворот на џамија во Белград

Уапсен е осомничен кој им се заканувал на верниците во дворот на џамија во Белград

Вечерва белградската полиција го уапсила М.К. (48) кој, како што дознава Танјуг, им се заканувал на верниците во дворот на џамијата на улицата Господар Јевремова во Белград.

Како што дознава Танјуг, тој за време на вечерната молитва истрчал во дворот на џамијата, викајќи дека треба да бидат убиени сите муслимани, ја проколнал нивната мајка и и се заканил на секретарот на џамијата со скалпел.

М.К. е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград за кривично дело поттикнување расна, национална и верска омраза и нетрпеливост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни