Против Воислав Шешељ е покренато ново обвинение, потврди неговиот син за српските медиуми. Прашање е дали Србија ќе го екстрадира.
Меѓународниот суд во Хаг, наследникот на Хашкиот трибунал, поднесе обвинение против лидерот на српските радикали Воислав Шешељ и четворица други партиски функционери – Миљан Дамјановиќ, Љиљана и Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњатовиќ.
Заменик претседателот на Српската радикална партија (СРС) и син на воениот злосторник Александар Шешељ ја потврди информацијата за Танјуг.
„Точно е дека е покренато обвинение, тоа е ново обвинение за непочитување на судот. Тоа е измислено дело кое Хашкиот трибунал си даде право да го воведе како кривично дело, а тоа значи дека за што и да судат биди непочитување на судот, може некого да обвинат“, рече тој.
Радикалите објавија материјали кои го прикажуваат судењето и коментираат како се одвивало, но Александар Шешељ смета дека ниту времето на покренување на обвинението не е случајно. Во Србија моментално се води предизборна кампања, но тој не мисли дека владата на Вучиќ би го екстрадирала неговиот татко.
„На тој начин таа би се рангирала меѓу најлошите владетели во Србија по 5 октомври. Мислам дека во владејачката партија и коалицијата нема подготвеност тоа да се случи“, рече тој.