Наука и технологија

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Научниците останаа изненадени од последниот оброк на тираносаурусот!

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Научниците останаа изненадени од последниот оброк на тираносаурусот!

Научниците открија остатоци од две бебиња диносауруси во фосил на тираносаурус стар 75 милиони години!

Откритието фрла нова светлина врз исхраната на древните предатори.

Студијата, објавена во списанието Science Advances, вели дека задните екстремитети на два цитипати, мали диносауруси слични на птици, биле пронајдени под ребрата на млад горгосаурус, близок роднина на тираносаурусот рекс.

Истражувачите кои стојат зад студијата велат дека откритието сугерира дека младите горгосауруси се плен на мали диносауруси, додека претходните фосилни докази покажуваат дека возрасните напаѓале и јаделе многу големи тревопасни диносауруси кои живееле во стада.

Дарла Зеленицки, еден од водечките научници во студијата, наведува дека откритието е цврст доказ дека тираносаурусите драстично ја менувале исхраната додека созревале.

– Сега знаеме дека тинејџерите тираносауруси ловеле мали и млади диносауруси. Тие млади и незрели тираносауруси веројатно не биле подготвени да нападнат група диносауруси со рогови кои тежеле илјадници килограми – изјави Зеленицки за Би-Би-Си.

Фосилот е откриен во провинцијата Алберта на запад од Канада уште во 2009 година, но бил закопан длабоко во карпата и биле потребни неколку години да се подготви за проучување.

Научниците претходно ги открија првите остатоци од ембриони од родот диви месојадни диносауруси, меѓу кои спаѓа и Tyrannosaurus rex.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни