Балкан

Откажани летови на аеродромот во Сараево

Откажани летови на аеродромот во Сараево

Според информациите достапни на официјалната веб-страница на меѓународниот аеродром во Сараево, откажани се бројни летови.

Поради густа магла откажани се летовите од Џеда, Дубаи, Франкфурт, Истанбул, Загреб, Скопје и Виена.

Главниот град на Босна и Херцеговина се уште е на врвот на најзагадените градови во светот.

Пакистански Лахоре е пред Сараево според мерењата од 18 часот.

Загаденоста на воздухот во Сараево е 305 според мерењето на IQAir. Ваквото загадување е означено како опасно по здравјето на населението, а се препорачува избегнување на поминување на времето на отворено, особено вежбање на отворено. Исто така, се препорачува да не се отвораат прозорците и да се користат прочистувачи на воздух.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни