Една трудница загина, а неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21 часот во селото Кобишница, општина Неготин, кога патничко возило излетало од патот.
Според информации едно лице е во критична состојба.
Повредените ги извлекле пожарникарите од Неготин, но трудницата им подлегнала на повредите.
Тешко повредениот патник е пренесен во болница.