Македонија

Пожар во џамијата на село Вржале, оџата со солзи во очите се потсетува на трудот на жителите

Откако завршиле со петочната молитва во село Вржале, џамјата ја зафатил пожар. Имамот на џамијата е многу тажен, а денеска повторно излегол кај џамијата за да го собере тоа малку што останало.

-Имавме една полица и овие книги беа внатре, и изгореа од овде, имавме и неколку К’урани и неколку шалови и палта таму внатре и тие изгореле“, вели Зенели, имам во село вржале.

Имамот во селото Вржале кога ќе се присети на трудот на мештаните вложен за изградба на овој верски објект, му потекуваат солзи на очите.

-Аллах да ви помогне вам и на сите верници кои ни помогнаа и ќе ни помагаат-.

Дали сте тажни?

-Да, многу, ова е труд на нашите браќа кои помогнале и дале по некој денар. Се надеваме Господ повторно ќе ни помогне за да им ја оставиме на младите нашата џамија.-додаде Зенели.

Пожарот се случил поради спој на електрична инсталација, но за среќа се случил во близина на скалите на минарето каде има врата и затоа зафатил само дел од објектот.

-Ова целосно беше затворено, немаше воздух внатре, од овој систем имаше спој. Правосмукалката на џамијата беше овде потпрена на вратата на минарето. Огинот почнал од вратата на минарето и кога изгорела вратата тогаш чадот излегол надвор и жителите тогаш виделе. Еден овчар им се јавил на жителите да им каже дека има пожар во џамијата. Кога момчињата стигнале, не успеале да влезат од главната врата бидејќи имало многу чад, потоа од надвор ги отвориле прозорите и тогаш влегол воздухот внатре и со вода успеале да го спасат ова. Алах не чувал бидејќи да одел повисоко, таму е се е од дрво-рече Зенели.

Штетата е голема, целата џамија треба повторно да се бојадисува и сите елементи на џамијата се оштетени.

-Веќе две-три години, а мислевме дека годинава ќе ја завршиме, останаа уште скалите да ги направиме со плочки, но за жал вчера ми се јавија дека има пожар и кога влегов внатре се беше црно.-рече Ниметула Весели, жител на с. Вржале.

Селото Вржале се наоѓа во општина Зелениково. Само четири куќи се населени. Жителите на бараат помош од другите верници за уредување на џамијата.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни