Свет

ЕУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Се отвораат престапните преговори со Украина и Молдавија

ЕУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Се отвораат престапните преговори со Украина и Молдавија

Европскиот совет денеска одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој на социјалната мрежа Х (Твитер) изјави дека Европскиот совет и доделил кандидатски статус на Грузија.

„И Европската унија ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина откако ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“, нагласи Шарл Мишел.

Европскиот совет, додаде тој, ја покани Европската комисија да го пријави до март за да донесе таква одлука.

„Јасен сигнал за надеж за нивниот народ и за нашиот континент“, посочи тој.

Се огласи Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори.

– Ова е победа за Украина. Победа на цела Европа. Победа која мотивира, инспирира и зајакнува – напиша тој.

Орбан не стави вето?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера во парламентот коментираше дека би било апсурдно и смешно да се преговара за пристап со земја во војна, која, според унгарската влада, не ги исполнила потребните услови за преговори. Изминативе недели тој зборуваше и за потребата прво да се воспостави стратешко партнерство со земјава, па дури и се обиде оваа тема да не биде ниту на агендата на Самитот на ЕУ, кој почнува денеска.

Како што пренесува „Гардијан“, унгарскиот премиер ја напуштил просторијата по одлуката на лидерите да ги отворат пристапните преговори со Украина, потврдија тројца дипломати на ЕУ.

По одлуката, Орбан го сподели своето незадоволство на својот Фејсбук профил каде истакна дека Унгарија не сака да учествува во оваа „лоша одлука“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни