Македонија

Обилни врнежи од снег во Берово, еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија на полноќ

Обилни врнежи од снег во Берово, еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија на полноќ

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по  влажни коловози.

Забрани за движње на тешки товарни возила имаме на патните правци,Гостивар-Маврово,Гостивар- Стража-Кичево,,Делчево-граничен премин,с.Двориште-Струмица и  Крива Паланка-Г.П.Деве Баир. Обилни врнежи од снег има во Берово.

Слаби врнежи од снег имаме во Битола,Ресен,Кичево,Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502

 

ПУНКТ Т (°C) ПУНКТ Т (°C) ПУНКТ Т (°C)
К.Паланка +1 Струга +2 Кочани       +4
Страцин +4 Ресен 0 Делчево 0
Куманово +2 Крушево 0 Смојмирово +3
Маџари +4 Кичево +3 Струмица       +4
Тетово +4 М.Брод -1 Велес       +4
П.Шапка -4 Буково 0 Неготино       +3
Гостивар +4 Ѓавато -2 Д.Капија +4
Стража -2 Плетвар 0 Удово +2
Маврово -1 Пресека -1 Гевгелија  +4
Дебар +2 Железнец -2 Кула +4
Битола 0 Штип +3 Петровец +4
Прилеп +1 Сарамзалино +3
Охрид +2 Павлешенци +1
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни