Најмалку 13 лица загинаа за време на невремето во Аргентина што вчера го погоди атлантскиот брег на таа јужноамериканска земја.
Ројтерс пренесува дека ова го соопштил локалниот градоначалник.
Федерико Сусбиелјес, кој е на чело на градот Баја Бланка, го потврди овој црн биланс во објава на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Британската агенција наведува дека градот се наоѓа во близина на јужниот раб на провинцијата Буенос Аирес, еден од регионите во Аргентина кои се меѓу најголемите производители на жито.
Се наведува дека аргентинскиот претседател Хавиер Милаи дал соопштение во кое им изразил сочувство на семејствата на жртвите и му препорачал на локалното население утрово да остане во своите домови.
Како причина за тоа ги наведе налетите на ветерот во областа кои надминуваат брзина од 150 километри на час.
Damage to the Olimpo stadium and the Estudiantes club due to the strong wind storm in Bahía Blanca of Buenos Aires province, Argentina 🇦🇷 pic.twitter.com/4Z2FwMQqsX
— Tinie (@benidormgek) December 17, 2023