Грозоморниот случај стана познат кога мајката на момчето испрати видео од малтретирањето на своите роднини во Романија, а по расправија со сопругот, за да му се одмазди.

Шокирани од глетката, притрчале во полиција и пријавиле се. По родителите веднаш била распишана потерница, а тие биле уапсени на граница на влезот во Романија каде дошле да ги поминат празниците со своите роднини .
Романскиот ПорталСМ наиде на вознемирувачки видеа од малтретирањето на момчето, на кои може да се види како таткото брутално му удира шамар на детето, а момчето од силината на ударот паѓа на земја. Има и фотографии на кои можете да видите како момчето го држи за врат додека нозете му се кренати од земјата.
Таткото и мајката денеска беа сослушани од судија на претходна постапка и им е одредена мерка притвор до 30 дена.
Додека таткото беше придружуван од полиција, тој само им рече на новинарите: “Јас не сум виновен за ништо, прашајте ја жена ми, таа е таа што прави разлика меѓу децата. .
Има докази дека малтретирањето на двегодишното дете редовно се вршело пред очите на неговиот четиригодишен брат. Засега не се знае дали и постарото момче претрпело насилство.
Центарот за социјална работа ја презеде грижата за децата, а сега проверуваат како децата се поврзани со другите членови на семејството, поточно со бабите и тетките кои би можеле да се грижат за нив.