Свет

Koj e Дик Марти? – Aвтор на извештајот за трговија со органи во Косово

Koj e Дик Марти? – Aвтор на извештајот за трговија со органи во Косово

Поранешниот специјален известувач на Советот на Европа, чија истрага доведе до формирање на Специјалниот суд за злосторствата на ОВК во Хаг, почина на 78-годишна возраст.

Поранешниот специјален известувач на Советот на Европа, Дик Марти, чија истрага доведе до формирање на Специјалниот суд за злосторствата на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг и процесот против клучните команданти на таа формација, почина на 78-годишна возраст, пишуваат швајцарските медиуми.

Во документот од 2010 година познат како „Извештај на Марти“, овој швајцарски адвокат ги обвини командантите на ОВК и тогашните политички лидери на Косово за вмешаност во трговија со органи по конфликтот со српските безбедносни сили во 1999 година.

Истрагата на Марти траеше две години, а самиот извештај ја запрепасти европската јавност.

Покрај истрагата за злосторствата на ОВК, Марти ја истражуваше и мрежата на тајни затвори каде американската Централна разузнавачка агенција ги испрашувала радикалните исламисти по нападите на Њујорк и Вашингтон во 2001 година.

Што вели извештајот на Марти?

ОВК водеше герилска војна во 1998 и 1999 година против српските безбедносни сили лојални на покојниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, за време на која воената интервенција на НАТО доведе до тоа Белград да ја изгуби контролата врз територијата.

Во извештајот на Марти се наведува дека тогашниот косовски премиер Хашим Тачи, воен политички водач на групата, бил еден од клучните играчи во трговијата со дрога и органи.

Исто така, се опишува како етничките Срби и косовските Албанци кои се спротивставувале на ОВК биле тајно заробени во северна Албанија „и подложени на нехумано и понижувачко постапување, пред на крајот да исчезнат“.

Во екот на конфликтот, Марти рече дека „од некои затвореници биле отстранети органи“ во клиника во близина на Фуше-Круј во Албанија.

Органите потоа, наводно, биле испорачани од Албанија и продадени на приватни клиники за трансплантација како дел од меѓународниот црн пазар на органи.

Според Марти, овие активности „продолжија, иако во различни форми, до денес“.

Тој, исто така, наведе една деценија доверливи извештаи во кои се вели дека Тачи и другите од неговата група ја контролираат трговијата со дрога.

Тачи, тогаш премиер, а подоцна и претседател на Косово, ги негираше обвинувањата во извештајот.

Сепак, по новите докази за воени злосторства, наводно извршени од команданти на ОВК во тој период, до кои дојдоа истражителите на Европската унија во 2015 година, во Хаг беше формиран Специјалниот суд за Косово, врз основа на договорот меѓу ЕУ и косовскиот парламент.

Во 2020 година, Тачи поднесе оставка од функцијата претседател на Косово за да одговара пред суд на обвиненијата за злосторства против човештвото, наводно извршени за време на конфликтот во Косово.

Покрај Тачи обвинети се и поранешниот претседател на Собранието на Косово Кадри Весељи, поранешниот портпарол на ОВК Јакуп Красниќи и поранешниот командант на ОВК Реџеб Селими.

Сите четворица се изјаснија за невини.

Во декември 2023 година, Специјалниот суд го осуди командантот на ОВК Саљи Мустафа, кој за време на војната водеше затвор во кој беа мачени затвореници.

Тој во втор степен е осуден на 22 години затвор.

Кој беше Дик Марти?

Марти, поранешен обвинител во Швајцарија, е најпознат по истрагата во име на Советот на Европа во која 14 европски влади беа обвинети дека и дозволиле на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) да управува со тајни затвори, како и тајно притворање и шверцуваат осомничени за тероризам преку европските граници.

Оженет со три деца, по професија адвокат, Марти докторирал право и кариерата ја започнал како специјалист по швајцарско право.

Од 1969 до 1975 година живеел во Германија, а потоа се вратил во Швајцарија, каде работел како државен обвинител и водел енергични кампањи против трговијата со дрога и организираниот криминал.

Тој беше избран за член на Советот на Европа во Стразбур во 1988 година, пред Алијансата на либералите и демократите за Европа.

Беше член на неколку значајни комитети во Советот на Европа, а раководеше и со Комитетот за човекови права.

Советот на Европа е одговорен за надзор над Европскиот суд за човекови права.

Затоа, Дик Марти е влијателна личност, особено во контроверзноста околу американската тајна служба и истрагата за воените злосторства и трговијата со органи во Косово кон крајот на 1990-тите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни