Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Свет

Се повлекуваат околу 5 милиони блендери од пазарот: Поради повреди на корисници имало десетици ПРИЈАВИ, еве го ПРОБЛЕМОТ

Се повлекуваат околу 5 милиони блендери од пазарот: Поради повреди на корисници имало десетици ПРИЈАВИ, еве го ПРОБЛЕМОТ

Американската компанија BlendJet повлекува околу 4,8 милиони свои блендери поради ризик од повреди и пожар, откако доби десетици пријави за повредени.

Комисијата за безбедност на потрошувачите (CPSC) соопшти дека преносливите блендери BlendJet 2 може да се запалат поради прегревање и дека неговото сечило може да се скине при употреба и да предизвика повреда на корисникот.

Досега е пријавено дека 329 ножеви се скршиле при употреба, а 17 се прегреале или се запалиле. Во таа прилика е причинета штета од околу 150.000 долари, пренесе АП.

Компанијата добила и 49 пријави за полесни изгореници и една повреда при користење на блендерот.

CPSC ги повика потрошувачите веднаш да престанат да го користат овој тип на блендер и да ја контактираат компанијата за замена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни