Спасувачките служби брзо реагираа во овој драматичен инцидент.
Службите за итни случаи реагирале брзо откако возило со тројца мажи паднало во реката Еск во Северен Јоркшир. Овој трагичен настан се случи среде бруталната бура Герит која пустоши во северозападниот дел на земјата.
Според „The Northern Echo“, повикот за спасувачките екипи пристигнал во 11:48 часот по локално време, а пожарникарите, екипите на итната помош и полицијата веднаш излегле на местото на несреќата на реката Еск. По неколкучасовен напор, возилото нешто по 15 часот е извлечено од водата.
За жал, полицијата потврди дека сите мажи во возилото го загубиле животот. Според информациите, уште еден маж се обидел да дојде на помош со влегување во водата. Тој околу 12:10 часот бил извлечен од реката и во моментов му е укажана лекарска помош.
The American 777 was seen struggling to land at Heathrow airport on 27 December.
Storm Gerrit has battered parts of the UK in recent days. https://t.co/lLd7zd4QQD pic.twitter.com/n00EJASac9
— Sky News (@SkyNews) December 28, 2023
Засега останува непозната причината за несреќата и смртта на мажите, а идентитетот на починатиот се уште не е откриен. Полицијата ја продолжува истрагата за да утврди што точно ја предизвикало оваа трагична несреќа.
Бурата Герит продолжува да ја зафаќа Обединетото Кралство, со силни ветрови кои дуваат до речиси 80 милји на час (околу 130 км/ч). Издадени се предупредувања за поплави за поширокиот северозападен дел, пишува Дејли Стар. Состојбата се следи со голема загриженост, а на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат упатствата на итната помош.