Свет

Русија во текот на ноќта ги нападна Харков и Киев, се огласи Зеленски: „За секој дрон ќе одговарате!“

Русија во текот на ноќта ги нападна Харков и Киев, се огласи Зеленски: „За секој дрон ќе одговарате!“

Русија започна нови напади врз Украина во раните утрински часови на новогодишната ноќ, само еден ден откако вети дека ќе се одмазди за, како што го нарече „терористички напад“ врз градот Белгород.

Неколку беспилотни летала Шахед од иранско производство го гаѓаа североисточниот украински град Харков во текот на ноќта, според локалните власти, бидејќи двете страни наизменично се обвинуваа меѓусебно за напади врз цивилни области долж нивната заедничка граница во текот на викендот.

Украинските власти известија за експлозии во Киев и Харков, каде наводно гореле и станбени згради.

– Украинските системи за противвоздушна одбрана во регионот околу главниот град Киев доцна во саботата одбија напад на руски дрон – објави воената администрација на регионот на Телеграм.

Русија го нападна североисточниот град Харков со дронови, напиша градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм.

Напад на Харков
ФОТО: ТАНЈУГ/АП
Напад на Харков
Русија го нападна североисточниот град Харков со дронови, напиша градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм.

– Не се работеше за воени објекти, туку за кафулиња, станбени згради и канцеларии. Русите сакаат да не заплашат за Нова година, но ние не се плашиме – неукротимни сме и непобедливи – додаде Терехов, а пренесува Би-би-си.

Зеленски: Терористичката држава ќе одговара за секој дрон, секој проектил

Најмалку 26 лица се повредени во нападот на Харков, соопшти вчера вечерта канцеларијата на локалниот истражител.

Терехов на апликацијата Телеграм напиша дека, меѓу другото, е погодена и станбена зграда во центарот.

Меѓу повредените има двајца малолетници и еден британски новинар, пренесува dpa.

– За секој дрон Шахед, за секој руски проектил, терористичката држава ќе одговара праведно. И политички и во многу практична смисла – рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќното обраќање.

Во петокот Русија најмоќно ја нападна Украина досега, со 160 проектили и беспилотни летала. Најмалку 39 лица загинаа, а 120 се повредени.

Украина вчера одговори со напади на рускиот град Белгород, а локалниот гувернер тврди дека загинале 24 лица, а неколку десетици се повредени.

Москва соопшти дека нападот во саботата вклучувал употреба на контроверзна касетна муниција и на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН кажа дека цел на Киев бил спортски центар, лизгалиште и универзитет.

Рускиот пратеник Василиј Небензја го нарече „намерен, неселективен напад врз цивилна цел“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни