Македонија

Првиот ден од 2024 година сончево и топло, температурите до 15 степени

Првиот ден од 2024 година сончево и топло, температурите до 15 степени

Сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 8 степени.

Продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури. Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни