Поради обилни врнежи од снег од 22ч и10мин. се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража- Кичево.
Поради обилни врнежи од снег од 22ч и20мин. се воведува забрана за
тешки товарни возила на патниот правец Крак-Маврово-Дебар.
Во Македонија денес имавме умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и постудено време со пад на температурите, над 1000 метри со врнежи од снег. Во попладневните и во вечерните часови врнежите од снег ќе се спуштат и до 400 метри надморска висина. Во текот на ноќта врнежите постепно ќе престануваат.