Апликацијата Мој ДДВ предвреме е пуштена во употреба. Не е комплетно подготвена за продукциско користење, тврди програмерот Векослав Стефановски.
„Политиката за приватност беше и се уште е на интернет релативно автоматска и изгенерирана. Ова не е во ред затоа што станува збор за апликација која користи чувствутелни податоци. Треба да биде напишана во согласност со нашите правила. Апликацијата е се уште во верзија 001, која прилично јасно назначува дека оваа верзија се уште не е спремна за продукциско користење. Стандардна верзија која се користи е 100, која се користи за првата верзија, може да биде користена од независни корисници надворешни корисници”, изјави Векослав Стефановски – програмер.
Тој додава дека сигурноста на апликацијата не е на највисоко ниво, но е задоволителна.
„Самото користење на пин можеби од една страна проблематично, поради тоа што сепак е ограничен бројот на комбинации. Од друга страна не се користи двофакторна афтентикација, која би ја направила апликацијата посложена за користење, но, од друга страна и посигурна. Така да, степенот на сигурност на апликацијата изгледа задоволителен. Не е инзвореден, но би рекол задоволителен“, изјави Векослав Стефановски – програмер.
Од УЈП уверуваат дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од било каква злоупотреба.
„Уверуваме дека во моментов граѓаните кои ги исполнуваат условите за поврат на 15 % од ДДВ користат безбедна, квалитетна, современа апликација којашто истовремено е едноставна за користење и функционална“, велат од УЈП.
ТВ21 побара став и од компанијата Аксент за тоа дали оваа верзија на апликацијата се уште се доработува. Од таму нема одговор. Од УЈП велат дека апликација е жива материјата којашто подлежи на постојан развој, унапредувања и подобрувања. Инаку вкупната вредност на Договорот за јавна набавка на услуги за Надградба и одржување на ГПРС системот изнесува 4.600.000 денари со вклучен ДДВ, а вкупната вредност на Договорот за набавка на баркод читачи изнесува, 450.800 денари.
РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА