Македонија

Една од причините за излетувањето на товарниот воз е преоптовареноста

Околу 2 часот по полноќ, во близина на село Черкези, кумановско, товарен воз излетал од шините. Еден граѓанин вели дека слушнал голема врева кога вагоните излетале од пругата.

Нема повредени. Причинета е материјална штета. Според констатацијата на комисијата која беше во терен, направена е штета во инфраструктурната машинерија, пругата, електричните столбови, сигнализацијата, контакт мрежата и оптичките кабли.

Вицепремиерот за економски прашања, Коцо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, заедно со директорот на ЈП „Македонски Железници – Инфраструктура“,  Ирфан Асани, излегоа на местото на настанот. Анѓушев и Сугарески истакнаа дека за среќа нема жртви, а за материјалната штета, како што рекоа, како Влада ќе направат се што е во нивна моќ, што поскоро да се санира.

Директорот на ЈП „ Македонски железници – инфраструктура“, Ирфан Асани, вели дека една од можните причини за оваа несреќа е преоптовареноста на вагоните. Но за точните причини ќе  информираат  откако ќе заврши увидот.

Екипите на Јавното Претпријатие за железничка инфраструктура, Железници на се мобилизираа за да ги отстранат вагоните од пругата и да ја ставаат во функција оваа железничка линија.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни