Македонија

Во Тетово лишен од слобода бегалец од КПУ Затвор Идризово

Во Тетово лишен од слобода бегалец од КПУ Затвор Идризово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (9 јануари) околу 18 часот и 10 минути, во Блок 70 во Тетово, го лишија од слобода 36-годишниот Р.А. од тетовско Одри, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје од 3 години, 11 месеци и 28 дена.

Тој ќе биде спроведен во оваа установа, а бил осуден за сторено кривично дело “тешка кражба” и “обид за тешка кражба”.

Истовремено, биле расчистени уште 2 тешки кражби и 2 обида во кои бил инволвиран Р.А..

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни