Свет

ВИДЕО Претседателот на Еквадор ја дигна армијата! Ситуацијата ескалираше по упадот во телевизијата, објавена војна против терористичките организации

ВИДЕО Претседателот на Еквадор ја дигна армијата! Ситуацијата ескалираше по упадот во телевизијата, објавена војна против терористичките организации

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, денеска издаде извршна уредба со која се реформира сегашната вонредна состојба и се признава постоењето на внатрешен вооружен конфликт, поради повеќекратните бунтови што ја потресоа земјата за само неколку дена.

Оваа уредба подразбира итна мобилизација и интервенција на вооружените сили и полицијата на националната територија, додека претходно денеска беше потпишан указот за вонредна состојба во траење од 60 дена.

Указот беше издаден неколку минути откако вооружени напаѓачи ги зазедоа објектите на „Телевизија ТЦ“ и во живо го пренесуваа киднапирањето на медиумските работници.

ВИДЕО Со качулки и пиштоли упаднаа во телевизија, додека програмата беше во живо

Оваа нова регулатива утврдува идентификација на 22 организирани групи како „терористички организации“.

Указот им наредува на вооружените сили да спроведат воени операции за „неутрализирање“ на овие криминални организации. Советот за безбедност може да ја ажурира листата на идентификувани терористички групи.

https://twitter.com/JaroslavBlek3/status/1744391053333889414?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1744391053333889414%7Ctwgr%5E10aa63c41a2c8289554696b8609d028e2f09d952%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2Fz8oyynhFc%2F

Ситуацијата во Еквадор кулминираше со исчезнувањето на Адолфо Масијас ака Фито , водачот на криминалната банда „Лос Чонерос“, од затвор каде издржуваше казна од 34 години.

Фито беше задржан во максимално безбедносно крило на затворот во Гвајакил, каде што локалните медиуми го опишуваат како озлогласен криминалец за кој се верува дека стои зад некои од најсмртоносните затворски немири во последниве години.

Бранот на невидено насилство и терористички напади започна на 8 јануари 2024 година, по што се прошири во повеќе градови во државата. Во Риобамба, главниот град на Чимборазо, затворениците од локалниот затвор организираа масовно бегство.

Како што соопшти градоначалникот на споменатиот град, избегале 32 затвореници, меѓу кои и Фабрицио Колон Пико, водачот на „Лос Лобос“, кој беше обвинет за планирање на убиството на обвинителот Даниел Салазар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни