Македонија

Двајца повредени по пукање во болницата во Тетово, едниот препратен во Скопје

Двајца повредени по пукање во болницата во Тетово, едниот препратен во Скопје

Еден од двајцата повредени во престрелката во тетовската болница е испратен во Скопје, бидејќи е во посериозна здравствена состојба.

Според информации од терен, повредените се од тетовско Гајре, а до повредата претходел физички напад кој во текот на денот се случил во Судот во Тетово.

Полицијата и обвинителството се на терен и ги истражуваат мотивите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни