Македонија

М-НАВ денеска на седница, ќе го смени раководството

М-НАВ денеска на седница, ќе го смени раководството

Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ денеска на седница треба да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски.

Na нивно место доаѓаат Хекуран Асани и Милан Кораќ, а седницата е закажана за 13:30 часот.

Со седницата за промените во раководството, Надзорниот одбор ќе постапи по насоките што ги доби од Владата на 9 јануари, а по упадот во институцијата на почетокот на месецов.

Од таму велат дека по именувањето на новите директори, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде се добива решение и заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.

Претседател на Надзорниот одбор во М-НАВ е Кристијан Михајлоски, а членови Едмонд Калики и Димитар Џеков.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни