Полицијата денеска упадна во Грчец и врши серија претреси.
Според информациите уапсени се членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации, а акцијата е се уште во тек.
Во текот на денот, по завршување на акцијата, се очекуваат повеќе детали од полицијата.