Актуелниот министер на новото министерство за политички систем Садула Дураки е назначен за нов заменик претседател на Владата. Одлуката е донесена доцна вечерва во рамките на 142 владина седница. Дураки ќе биде петтиот заменик на Заев, откако претходно веднаш по формирањето на новата влада за вицепремиери беа назначени Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев и Бујар Османи. Садула Дураки беше доскорашен министер за животна средина, а иако беше еден од најкритикуваните министри во владата на Заев, и практично беше прв на речиси сите спроведени анкети за тоа кој министер треба да го опфати метлата, сепак наместо разрешување, доби нова функција.
Седна на новото во министерското столче на новото министерство за Политички систем. Во неговата биографија стои дека во 2002 година бил заменик директор на Царинска Управа, две години подоцна министер за земјоделие, шумарство и економија. Во 2006 станува пратеник во Собранието, а една година, во 2008 ја вршел функцијата Директор на Агенцијата за развој и инвестиции. Од 2009 до 2013 беше градоначалник на Липково.