Свет

ОДЕКНУВААТ СИРЕНИ И ЕКСПЛОЗИИ! Ракетен напад на Тел Авив!

ОДЕКНУВААТ СИРЕНИ И ЕКСПЛОЗИИ! Ракетен напад на Тел Авив!

Бомбардирањето на Тел Авив е „одговор на масакрите врз цивили од страна на ционистите“, соопшти военото крило на Хамас, алудирајќи на израелските воени операции во Појасот Газа.

Военото крило на Хамас, Бригадите Изадин Ал-Касам, денеска објави дека извршила ракетен напад врз Тел Авив, додека попладнево ширум централен Израел одекнуваа ракетни предупредувачки сирени.

Бомбардирањето на Тел Авив е „одговор на масакрите врз цивили од страна на ционистите“, соопшти военото крило на Хамас, алудирајќи на израелските воени операции во Појасот Газа.

Новинарите снимија далечни експлозии и во Тел Авив и во Ерусалим, додека во Кан Јунис видоа ракети истрелани од тој град на југот на Појасот Газа, јавува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Ен).

Повеќето сирени денеска се огласија јужно и источно од Тел Авив, а израелската служба за итни случаи соопшти дека во моментов нема извештаи за можни жртви од ракетниот напад што го погоди централен Израел.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни